Macedonia Open 2018

Macedonia Open 2018: Првиот натпревар во местење на рубикова коцка (speedcubing) во Македонија

Со огромна чест и задоволство ви го најавуваме првиот натпревар во местење на рубикова коцка (speedcubing) во Македонија - Macedonia Open 2018!!! Настанот ќе се одржи на 17ти ноември 2018 на Шумарски Факултет, УКИМ, Скопје.

Ќе се натпреваруваме во 7 категории: 3х3 (Рубикова коцка), 2х2, 4х4, 5х5, Pyraminx, Skewb, 3x3 One-handed!

За да се реализира овој настан специјално доаѓа основачот на светската кјубинг асоцијација (WCA), еден од главните виновници за постоењето на speedcubing од натпреварувачки карактер, бивши светски рекордер со фантастични 9.55 секунди уште во 2007 година, господинот Ron van Bruchem од Холандија!

Ќе има натпреварувачи од цела Македонија! Ќе има натпреварувачи од цел Балкан и пошироко! Ќе има нови рекорди! Ќе има многу забава! Ќе има многу награди!

Огромна благодарност за деканот на Шумарски Факултет Д-р Кирил Сотировски што ни ја овозможи локацијата, кој всушност е најверојатно првиот speedcuber во Македонија, уште во далечната 1982 година!

Поканети се да учествуваат сите кои знаат да решаваат рубикова коцка без разлика дали сте почетници, експерти, млади, стари!

За повеќе детали следете го настанот! Се гледаме на 17 ноември!

Страница за записванеhttps://www.worldcubeassociation.org/competitions/MacedoniaOpen2018

Срок за записване: от 4. Октомври 2018г. до 16. Ноември 2018г.

Дата на провеждане: 17. Ноември 2018г.

Място на провеждане: Skopje, Macedonia, ул. „16 Македонска бригада“ бр. 1, Ss. Cyril and Methodius University, Faculty of Forestry

Дисциплини: Куб 2x2, Куб 3x3, Куб 4x4, Куб 5x5, Куб 3x3 с една ръка, Пъзел Pyraminx и Пъзел Skewb

Такса за участие: 200.00 DEN (Macedonian Denar)

Лимит на участниците: 80

Официални делегати на WCA: Mihai Căpăţinescu and Ron van Bruchem

ОрганизаториAleksandar Arsovski, Mihai Căpăţinescu and Ron van Bruchem

Facebook страница на Македонска Кјубинг Асоцијацијаhttps://www.facebook.com/macedonian.cubing.association